Рождество на Господ Исус Христос - Божик

На 07.01.2018 година, на празникот Рождество на Господ Исус Христос - Божик, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Соборниот храм „ Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги благослови кумските лебови.